Зошто да патувате со goMacedonia… што не прави различни од другите ?
Локален фокус
goMacedonia е фокусирана исклучително на патувања во Македонија и нуди единствено “внатрешно” или “локално” искуство, нешто што другите агенции не го нудат. Турите вклучуваат разновидни екскурзии и активности преку кои можете одблиску и лично да ја запознаете локалната Македонска култура,едноставно патувања кои неможете да ги испланирате самите.
Преку нашите програми, гостите имаат можност да се запознаат со локалната традиција, култура и македонската кујна. Уживањето во локалната храна и вино е одлично искуство, а ние тоа искуство го збогатуваме со тоа што организираме вечери во кои ви ги нудиме локалните специјалитети на таверните и рестораните кои локалните жители навистина ги посетуваат.
Мали групи
goMacedonia не е и нема аспирации да биде туристичка агенција за масовен туризам. Наместо тоа се гордееме со фактот што нашите мали групи обезбедуваат високо ниво професионализам, интимно и персонално патувачко искуство.
Патувањето во мали групи им овозможува на учесниците да се запознаат подобро помеѓу себе, а исто така овозможува и поголема флексибилност. Тоа е една од главните карактеристики кои придонесуваат за уживање на гостинот. За нашите мали групи се подостапни помалите места каде што поголемите групи немаат пристап. Големината на нашите групи им дава на нашите водичи и олеснувачка предност и можност да ги вклучат историските места и села надвор од дефинраната маршута. Да, малите групни патувања чинат малку повеќе, но тие ќе го променат вашето уживање во патувањето. Имаме клиенти кои се приклучуваат на нашите патувања со придружник, додека пак имаме и клиенти кои патуваат сами.
Нашата агенција има искуство со луѓе кои патуваат сами, а нашите тури за овие клиенти често се почеток на едно долготрајно пријателство.
Прилагодени тури
Ги слушаме вашите барања и е колку што е можно повеќе се обидуваме да бидат вметнати во дневниот распоред што овозможува да се посетат дополнителни историски локалитети вон стандардната програма и распоред. Нудиме можност за учествуво во активностите колку што Вие посакувате. Креираме програми за патување кои ќе одговараат на вашите потреби. Потребно е само да ни кажете што сакате (град, регион, превоз, сместување, храна и вино, разглед, активности, тренинзи, екскурзии, забава, времетраење итн.) и ние Вашите желби ќе ги претвориме во реалност!
Задоволство на клиентите
Наша политика е да одговориме на сите ваши барања за 24 часа. Сите цени за патувањето и програмата се гарантирани откако ќе добиеме комплетно пополнет и потпишан формулар за резервација. goMacedonia е горда што може да понуди ваква услуга на своите клиенти.
Ние ги цениме и ги слушаме сите ваши коментари за нашите патувања. За нас не сте само наши клиенти, туку и наши партнери во патувањата, затоа ни е важно да бидете расположени во текот вашето патување.
Професионализам
Нашиот искусен персонал ќе се погрижи вашето патување низ Македонија да биде незаборавно. Почнувајќи од нашите телефонски оператори, тим билдинг персоналот, организаторите на настаните, водичите на терен, знајте дека вие сте во рацете на најискусните професионалци во нашата земја. Секогаш сме среќни да ви одговориме на вашите прашања за време на патувањата и ќе вложиме максимални напори да ви докажеме дека одбраната тура е правата за вас. Ние, секое патување го сметаме како животна шанса и ќе направиме се што е во наша моќ да ги исполнимее вашите очекувања.
Нашите водичи
Ние секој водич го оценуваме врз основа на неговиот/нејзиниот професионализам, искуство и личност. Сите наши водичи се лиценцирани во туристичката асоцијација за водичи, и секој од нив е искусен професионалец во рамките на своите академски области. Нудиме неформално водење на секое патување и секако преку нив ќе бидете информирани за локалните историски, културни и религиозни знаменитости.
Нашите Тим Билдинг професионалци
Работилниците кои ги организираме се водени од тим на професионалци од goMacedonia кои имаат големо искуство во градењето и јакнењето на тимовите како и обезбедување на услови за ефективна работа.
Еколошка посветеност
Ние сме целосно ориентирани и посветени на зелените принципите за одржливиот туризам. Преку образованието и одговорното патување сакаме да помогнеме во чувањето на локалните ресурси. Работиме само со водичи и програми кои се придржуваат кон овој идеал.
Превоз
Користиме удобни, климатизирани автобуси, минибуси и автомобили во зависност од големината на групата. Нашите возачи имаат одлично возачко искуство, а доколку имате проблем со ограничувањето на вашето движење треба да не известите однапред.
Програми
Програмите се создадени да направат совршен баланс помеѓу патувањата, разгледите и времето за одмори релаксација. Секое патување има свои посебни инезаборавни моменти, а детален опис на нашите тури може да најдете на веб страната за турите.