Site Meter

За Go Macedonia

МАКЕДОНИЈА Е НАШАТА СТРАСТ – ДОЗВОЛЕТЕ НИ ДА ЈА СПОДЕЛИМЕ СО ВАС!

Кои сме ние ?

goMacedonia е прва туристичка агенција за промовирање на рецептивен, алтернативен и одржлив туризам во Македонија која е специјализирана за активни патувања.Организираме дневни, викенд и повеќедневни тури прилагодени според потребите на луѓето кои сакаат да научат повеќе за културното наследство, обичаите и традиција на Македонија. Сакаме да Ви овозможиме вистинско доживување на нашата земја како и прекрасни спомени кои никогаш нема да ги заборавите.Програмите се создадени со цел креирање совршен баланс помеѓу патувањето, разгледувањето и времето за одмор и релаксација. Преку нашите тури патниците имаат можност да се запознаат со локалната традиција, култура и традиционалната кујна.

Нашата цел е да се вљубите во Македонија.

Рецептивна туристичка агенција  

goMacedonia е агенција која се фокусира исклучително на патувања во Македонија и нуди уникатно “локално” искуство, нешто што другите агенции го немаат во своите понуди.Нашите тури претставуваат комбинација на разни екскурзии и активности кои овозможуваат уникатно искуство на локалната Македонска култура, природа, традиција и обичаи, тури кои не е возможно самите да ги организирате.

DMC – Компанија за менаџирање на дестинации

goMacedonia поседува долгогодишно знаење, експертиза и ресурси и нуди  професионални услуги за организирање и водење на корпоративни настани во Македонија од секој вид. Дизајнираме и имплементираме програми со високи стандарди, логистичка поддршка за патувањата, а притоа секогаш се трудиме да создадеме уникатен настан, доближувајќи го до Вас најдоброто што Македонија го нуди.
 

MICE - Состаноци, Инсентив,Конференции и Настани

goMacedonia ќе Ви помогне да ги сфатите придобивките за Вашиот бизнис преку регионалните конференции, инсентив патувања и фокусираните бизнис средби кои секогаш се организирани на нови и возбудливи локаци со природни атракции каде има можност и за рекреација и шопинг. Нашата посветеност кон совршеност, внимание на детаљи и персонализирана услуга ќе Ве привлече да станете дел од листата на нашите лојални клиенти.

Нашиот пристап

goMacedonia,го дефинира алтернативното патување како “партиципативно патување”. За разлика од пасивното разгледување, “партиципативното патување“ им дава можност на учесниците на патувањето одблизу да се запознаат со луѓето, културата и околината на нашата земја. Станува збор за патување кое предизвикува, просветува и наградува. Без разлика дали сте на риболов на Охридското Езеро, престојувате со локално семејство во рурална средина, подготвувате традиционални јадења или пак сте на тура за дегустација на вино, goMacedonia Ви овозможува блиска средба со локалните средини и стекнување на уникатно искуство.

Наши клиенти

Без разлика дали ја посетувате Македонија за прв пат или пак сте бизнисмен кој има за цел културно да се збогати и сакате да доживеете невообичаено искуство, тогаш светски познатите водичи како што се: Bradt, Lonely Planet, Petit Futé Ви препорачуваат дека Go Macedonia е вистинскиот избор за вас!

Затоа можете да заборавите на конвенционалните пакет аранжмани и започнете авантура со goMacedonia!

Вести

  • 14.02.2012
    Вино и Љубов 14.02.2012

    Низ забава и смеа, во празнична атносфера, уживајте го денот во полна мера, со музика и страст, во друштво фино,...

    повеќе

  • 16.07.2011
    Галичка свадба 16-17.07.2011

    Уживајте во природната убавина на Маврово и запознајте се со уникатната архитектура и култура на Мијачкиот регион...

    повеќе