Цена
Цената ги вклучува сите услуги наведени во програмата. Сите дополнителни трошоци: телефонски повици, собна услуга, закуски, пијалаци се покриваат од страна на патникот.
Откажувања и рефундација
Било какви промени или откажувања мора да бидат во писмена форма. Ако од било која причина треба да се откаже патувањето, депозитот (парите) ќе ви бидат вратени на следниот начин:
- За откажување 2 дена пред патувањето, 90% од цената ќе биде задржана;
- За откажување 3-5 дена пред патувањето, 70% од цената ќе биде задржана;
- За откажување 6-15 дена пред патувањето, 50% од цената ќе биде задржана и можна е делумна наплата за неискористените оброци, хотелиските соби, излети и друго.
Откажани патувања
goMacedonia го задржува правото да го откаже патувањето од било каква причина. Во неповолни услови како што се војна, штрајк и слично goMacedonia има право да го откаже патувањето.goMacedonia не е одговорна за дополнителни трошоци кои се направени од страна на нејзините патници за време на патувањето.
Заменување на патникот со друго лице
Патникот има можност да одлучи некое друго лице да го користи неговиот аранжман наместо него/неа, сè додека тоа лице е во можност да ги превземе сите одговорности и обврски кои се наведени во условите на аранжманот.
Промени во програмата
goMacedonia го задржува правото да ја промени програмата во случај на околности кои се надвор од нејзина контрола како војна и итн.
goMacedonia го задржува правото да го промени местото на сместувањето со друго место кое е со иста или повисока категорија на истата дестинација на свој трошок.
Во случај на ненадејни промени што ќе резултираат со откажување на аранжманот goMacedonia е должна да ја врати целата цена.
Медицински информации
Поголемиот дел од нашите патувања вклучуваат активности во природа. Важно е лицата кој имаат било каков медицински проблем или диететски забрани да нè известат пред патувањето. Тогаш би ве советувале при изборот на некоја од турите односно која тура е вистинската за вас.
Сепак ние не сме медицински советници и не потврдуваме експертиза и одговорност за оваа информација. Ние ве подржуваме да се консултирате со вашиот приватен доктор за совет. Поради далечината на некои дестинации, некои медицински установи не можат да бидат лесно достапни. goMacedonia и нејзините водичи не превземаат никаква одговорност за обезбедување на здравствена заштита.
Ограничување на одговорноста
Сите тури (патувања) кои се на веб страната се безбедни и пријатни. goMacedonia не превзема одговорност за било каква повреда, губење или оштетување на имот, одлагања, болест, несреќа, грешка или пропуст во обезбедувањето на сите услуги. Задолжително е сите учесници на патувањето да ја прочитаат и потполнат резервацијата и да се потпишат со цел да ја потврдат својата резервација. goMacedonia го задржува правото да прифати или одбие некој патник да учествува во некоја од нашите програми. Патниците или учесниците автоматски се согласуваат на горенаведените услови и правила по самото потпишување односно потврдување на резервацијата со goMacedonia. goMacedonia го задржува правото да ги замени хотелите, водичите или да ја промени програмата на патувањето ако смета дека е потребно или препорачливо. Правото исто се задржува во случај некое патување се откаже.