Пред поаѓањето Ве молиме убаво прочитајте ги упатствата и детаљите за турата и бидете сигурни дека истите одговараат на вашите барања. Ние се грижиме за логистиката на патот, важата безбедност и удобност и имаме професионални водичи. Сепак имаме и одредени очекувања:
Бараме да го започнете вашето патување со авантуристички дух, подготвени за истражување. Колку и да се обидуваме да ги испланираме програмите, работите се менуваат, распоредот се менува поради временските услови, желбите на групата и околностите кои се надвор од нашата контрола;
Бараме да дојдете на договорената дестинација во добра здравтсвена состојба и секако консултирајте се со вашиот лекар доколку е потребно советување во однос на одредени медицински средства за претпазливост пред поаѓање.
Имајте во предвид дека на секоја тура еднакво важно како вашата физичка кондиција е и вашата флексибилност и став. Авантуристичкиот дух, позитивната енергија, смислата за хумор и подготвеноста да се справите со неочекуваните ситуации кои мајка - природа ги подготвува е морално! Не заборавајте да ги оставите вашите часовници, рокови и рапореди зад вас за целосно да уживате во состојба на умот која е во склад со локалниот концепт на времето.