Зошто Македонија
goMacedonia ве предизвикува да ја посетите Македонија, една од последните скриени земји во Европа, рај од планини, езера и реки, природни убавини, ендемична флора и фауна, ковчег кој е полн со уникатни културни богатства, легенди и приказни од пред илјадници години:
- Древната опсерваторија Кокино – 4 милениуми стара
- Богат археолошки регион
- Колевка на Православното Христијанство и Култура
- Родното место на Мајка Тереза
- Европскиот Ерусалим – Охрид
- Најчистото и најдлабокото езеро на Балканот
- Земја на заборавените занаети
- Најдобриот вински регион на Балканот – Тиквеш
- Дом на гостопримливи луѓе и исклучителна кујна
Во суштина Македонија денес е уникатен мозаик на култури, религии и нации што коегзистирале илјадници години. Културното богатство на Македонија е изразено во нејзиното археолошко наследство, каде што можат да се видат многу антички театри, византиски цркви, отомански џамии, остатоци од Каменото време и порани периоди на човековата цивилизација. Најстарите човекови траги во Македонија се од пред 30.000 години а тоа се старите камен резби кои се наоѓаат во близина на Кратово, како и астрономската опсерваторија Татичев Камен - Кокино која датира од пред 4000 години. Денес имаме многу локалитети кои сведочат за античкото наследство како што се : Хераклеа, Стоби и Скупи кои се одликуваат со своите амфитеатри и храмови кои се украсени со импозантни мозаици и фрески.
Лесно достапна од сите дестинации од надвор и имајќи ги сите погодности од Западниот свет, Македонија обезбедува и му го нуди на патникот најдоброто од двата света – источниот и западниот: прастара традиција, историско и културно богатство, чиста природна средина како и сите современи удобности кои му требаат во денешно време на секој патник.
Македонија денеска е длабоко поврзана со своите традиции но исто така е и прогресивна земја која ја прифаќа својата разновидност и е интергрирана во рамките на европските политички и економски институции. Македонија е место каде што гостопримството доаѓа од срце и секогаш ги поздравува посетителите, а шармот на земјата ги придобива луѓето од Запад кои ја бираат за своја дестинација за одмор па дури и нивни втор дом.
Македонија е неоткриен, недопрен, скапоцен бисер во срцето на Европа, која има што да им понуди на туристите од сите возрасти, нации и интереси!
Доживејтe ја Македонија во сиот свој сјај единствено со goMacedonia!