Транспорт
Пристигнете во Македонија по Автопат
Преку патничкиот сообраќај Македонија е поврзана со Европа со два главни патни правци :
- E75 Автопатот е дел од коридорот 10 кој е со правец север – југ, кој поминува низ Србија па се до Грција, поминувајќи низ Македонија во близина на Скопје
- Со Бугарија и Албанија, Македонија е поврзана со патните сообраќајници Е 65, Е 852 и Е 871 кои се дел од коридорот 8 кој е со правец исток – запад
Со автомобил: Меѓународниот автопат Е 75 е најчесто користен од страна на туристите кои сакаат да влезат во Македонија. Исто така постојат и добри патни правци кои ја поврзуваат земјата со Бугарија на исток и Албанија на запад.
Со Автобус: ма голем број на автобуски линии кои ја поврзуваат Македонија со сите нејзини соседни земји и другите европски градови. Автобусите се чести и нудат релативно ефтини цени и професионална услуга.
Пристигнете во Македонија со Воз
Македонија преку железничкиот сообраќај е поврзана на север кон Белград – Србија и на југ кон Солун – Грција. Со Бугарија и Албанија, Македонија сеуште не е поврзана, но железничките пруги се во изградба.
Македонски железници. Пристигнете во Македонија со Авион
Во Македонија постојат два меѓународни аеродроми кои ја поврзуваат Македонија со светот:
- Аеродромот Александар Велики во Скопје (SKP) и
- Свети Апостол Павле во Охрид (OHD).
Исто така постои опција да ги користите аеродромите во: Приштина на околу 80 км од Скопје, Солун и Софија кои се околу 230 километри одалечени од Скопскиот, Белградскиот аеродром на 430 километри одалечени од Скопје и др.
До Аеродромот Александар Велики во Скопје можете да пристигнете со автобуси на превозникот „Вардар ескпрес“. Автобуската линија сообраќа со возен ред кој е приспособен според распоредот на летовите. Автобусите на „Вардар Експрес“ тргнуваат од платото пред хотелот „Александар Палас“ и на патот до аеродромот застануваат пред хотелот „Холидеј ин“, кај транспортниот центар и пред хотелот „Континентал“. Автобусите ќе тргнуваат и застануваат и до девет пати во текот на денот и ноќта во зависност од распоредот на летање.За повеќе информации посетете ја веб страната на аеродромот:: www.airports.com.mk