Општи податоци
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
REPUBLIKA MAKEDONIJA -REBUBLIC OF MACEDONIA
Македонско државно знаме 
| Државен Грб 
|
Национално име: Република Македонија
Кратенка: ПЈРМ - Поранешна Југословенска Република Македонија
Македонска национална химна: “Денес над Македонија”
Државно уредување: Парламентарна република
Координати : 41º50´ Северно / 22º00´ Источно
Локално време во Македонија: Локалното време е еднакво на GMT +1 час. Истата временска зона е низ целата земја.
Популација: 2,072,086 Јули 2010
Главен град: Скопје - 506,000
Други големи градови: Битола – 84,400, Куманово 78,900, Тетово 60,000, Прилеп 56,900
Етничка припадност: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи и други
Религија: Православна христијанска, Муслиманска и други
Азбука: Кирилица
Телефонски код: +389
Интернет код на државата: МК
Електрична енергија: 220 v 50 hz европски приклучок
Валута: Македонски денар - 1 денар = 100 дени
Национален бруто домашен производ: US$ 9.8 милијарди 2011 (проценка)
Членство
Обединети Нации од април 1993 година
Светска трговска организација од април 2003 година
НАТО – добиена покана на 3 април 2008 година,одбиено поради грчкото вето
ЕУ – се чека на покана
Географија: Југоисточна Европа, без излез на море, се граничи со Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Косово.
Географски координати: 41º50´ Северно / 22º00´ Источно
Големина на земјата: 25,713 км квадратни (земјена површина: 25,333 км квадратни, водена површина 380 км квадратни)
Клима: Топли,суви лета и есени, релативно ладни зими со обилни снежни врнежи
Земјени граници: 748 км
Гранични земји: Албанија 151 км, Бугарија 148 км, Грција 228 км, Србија 62 км, Косово 159 км
Крајбрежна линија: 0 км
Македонија е претежно планинска земја која се одликува со длабоки басени и долини. Постојат три големи езера: Охридско, Преспанско и Дојранско езеро, секое е поделено со гранична линија, а земјата природно е поделена на два дела од реката Вардар. Македонија е благословена со извонредна природна убавина. Не пропуштајте да посетите едно од трите големи езера, планината Пелистер, Шар планина на запад и фасцинантните ридови и планини на исток со оризови полиња.
Најниска точка: реката Вардар 44 м
Највисока точка: Голем Кораб 2.764 м
Природни ресурси: хром, олово, цинк, манган, волфрам, никел, ниско – градиска железна руда, азбест, сулфур, градежно дрво, обработлива земја
Македонија е парламентарна демократија, каде што уставот е највисокиот закон а власта е поделена на судска, законодавна и извршна власт. Судската власт ја вршат судиите во земјата каде што главната улога ја има Врховниот суд заедно со Уставниот суд и Републичкиот судски совет. Сите судии се назначени од страна на членовите на Собранието. Законодавната власт му припаѓа на Собранието на Република Македонија кое има 120 пратеници кои се избрани од страна на народното мнозинство на општи избори кои се одржуваат на секои 4 години. Извршната власт е поделена помеѓу претседателот на Републиката и претседателот на Владата – Премиерот. Владата се избира со мнозинството гласови од вкупниот број на пратеници во Собранието, а премиерот на владата ги бира министрите. Претседателот е на чело на државата и е командант на началникот на вооружените сили на Македонија и претседава со националниот совет за безбедност. Претседателот се избира на општи и непосредни избори со мнозинството на гласови за петгодишен мандат,кој е ограничен максимум со 2 мандата.
- 1 Јануари – Нова година
- 7 Јануари – Божиќ
- Април – Велигден
- 1 Мај – денот на трудот
- 24 Мај – Денот на словенските просветители Кирил и Методиј
- 2 Август – Денот на Републиката - Илинден
- 8 Септември – Денот на независноста
- 11 Октомври – Денот на националната борба
- Октомври – Рамазан бајрам 1 ден
- 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
- 8 Декември – Свети Климент
- Полиција 192
- Противпожарна бригада 193
- Брза помош 194
- Помош на пат 15555
- Информации за пат 196
- Услуга за будење 180
- Точно време 185
- Услуга за телеграма 186
- Шалтер за информации 188
Летното сметање на времето: во Македонија +1 час и започнува последната недела од Mарт, а завршува последната недела од Oктомври.
Тежина и мерки во Македонија: метрички и килограм систем
Вода: безбедна за пиење во сите градови бидејќи е хлорирана а исто така има и јавни фонтани за пиење вода во повеќето јавни места. Ако сакате шише вода лесно можете да купите во локалните продавници.
Странски весници: достапни во Скопје и во сите туристички места.
Работно време во Македонија: Институциите и канцелариите работат од понеделник до петок 08:30 – 16:30 часот, сабота 09:00 – 17:00 часот.
Банки: од понеделник до петок 08:00 – 19:00 часот, сабота 08:00 – 12:00 часот (можете да очекувате продолжено работно време на аеродромите)
Визни барања: Визите кои Република Македонија ги има во однос на другите земји, посебно према административните региони кои не се признати како држави можете да ги најдете на следнава веб страна::
http://www.mfa.gov.mk//Upload/ContentManagement/Files/MFA-VisaRegime.doc