Site Meter

Историски податоци


Хронологија на Македонската историја 

 

653 п.н.е.
Кралот Пердика го формира Македонското античко кралство
359-336 п.н.е.
За време на владеењето на Филип Втори Македонски, реформите кои ги спровел во војската и економијата довеле до обединување на Македонија во нејзините географски и етнички граници. Старогрчкиот писател Теопомп изјавил: “Филип е најголемиот маж што Европа некогаш го дала”.
336-323 п.н.е.
Владеење на Александар Велики Македонски. Македонија го достигнува врвот на својата воена моќ, ширење на Македонската култура на исток сè до Индија.
215-205, 200-193, 171-167 п.н.е.
Македонско - Римски војни. Македонија потпаѓа под римско владение. 
535
Византискиот император Јустинијан по потекло од околината на Скопје, го гради во своето родно место градот Јустинијан Прима кој станува духовно седиште и политички центар на Балканот.
855
Создадена е првата словенска азбука "глаголица" од страна на сесловенските просветители Кирил и Методиј, патрони на Европа "еднакви на апостолите".
886
Климент и Наум, најучените и лојални ученици на Кирил и Методиј го шират Христијанството и Македонскиот словенски јазик и ги оформуваат првиот Универзитетот и првата книжевна школаClement and Naum, the most consistent and worthy desciples of the Salonica brothers Cyril and Methodius, spread Christianity in the Macedonian Slavic language and establish the Ohrid Literary School and University.
969
Бунт против Бугарската и Византиската власт организиран од страна на браќата Давид, Мојсеј ,Арон и Самуил, синови на Никола.
976
Крунисување на Самуил и воспоставување на средновековната Македонска држава. Неговата империја ја завземала целата територија на Македонија, значителен дел од Бугарија, Тесалија, Епир, Албанија, Дукља, Травунија, Захумје, Рашка (Србија), што ја прави една од најголемите империи досега.
1014
Битката на Беласица исто така позната како битката на Клуч помеѓу армиите на Македонскиот цар Самуил и Византискиот император Василиј 2. Исходот бил катастрофален за Македонската армија и царството на Самуил бидејќи многу војници загинале а 14000 биле ослепени. Самуил откако ги видел своите ослепени војници претрпел срцев удар и починал истата година.
1018
Македонската империја паѓа под Византиска власт.
1040 - 1042
Востание против Византиската власт предводено од Самуиловиот внук Петар Делјан.
1072 - 1073
Ѓорѓи Војтех крева востание против Византиската власт со седиште во Македонија.
1371
Битка на реката Марица и навлегување на турците на Балканот.
1395
Смртта на кралот Марко последниот крал на Македонија, го означува почетокот на петвековното владеење на Отоманските Турци во Македонија.
1564-1565
Во прилепско Мариово се крева првиот бунт на македонските селани против турската власт.
1689
Востание на македонскиот народ против турците во регинот на северна Македонија, предводено од Карпош а подржано од страна на војските на "Светата Европска Лига”.
1767
Укинување на Охридската архиепископија од страна на Султанот а под притисок на грчката Цариградска Патријаршија.
1822
Негушко востание, востание на Македонците за ослободување на Егејскиот дел на Македонија.
1876
Разловечко востание,востание во Источна Македонија кое е предвесник на националната борба за ослубодување од турска власт.
1878-1879
Македонско - Кресненско востание на кое е усвоен Устав познат како Правила на Македонскиот Востанички Комитет.
1894
Формирање на Внатрешната Македонската Револуционерна Организација (ВМРО) чија цел е ослободување на Македонија од турска власт.
1903
Македонските револуционери познати како Гемиџии извршуваат серија напади врз голем број на објекти во Солун, со цел да го привлечат вниманието на европската јавност за страдањата на Македонскиот народ. Илинденското востание на македонскиот народ и десет дена на слободна Крушевска Република.
1908
Младотурската револуција започнува во Македонија и ја гасне Отоманската Империја. Македонската револуционерна организација преку Јане Сандански и преку ново формираната Национална Федеративна партија активно учествува во младотурското движење за постигнување на автономија за Македонија.
1912-13
Балкански војни и поделба на Македонија меѓу Грција, Бугарија и Србија, официјализирна со Букурешкиот мировен договор. Букурешкиот мировен договор е еден од најпогубните моменти во Македонската историја.
1914-1918
Прва светска војна и основањето на Македонскиот фронт. Македонците се регрутирани во армиите на Грција, Србија и Бугарија и и се принудени да се борат помеѓу себе.
1919
Версајски мировен договор на кој се потврдува поделбата на Македонија.
1924
Мајски Манифест каде што Комунистичката партија на Југославија одлучува дека Македонскиот народ има право на самоопределување.  
1941-1944
Македонија учествува во Втората светска војна (НОБ на Македонија).
1944
На антифашистичкото собрание на АСНОМ се прогласува Македонска држава како дел од Југословенската Федерација.
1945
Формирање на првата влада на НР Македонија, усвојување на Македонската азбука.
1946
Усвојување на првиот устав на НР Македонија.
1967
Прогласување на автокефалноста на Македонската православна црква (обновување на Охридската архиепископија)
1991
Федеративна Југославија се распаѓа, на 8-ми Септември, Македонците прогласуваат независност. Македонија се прогласува како суверена, независна, самостојна, граѓанска и демократска држава која ја признава целосната еднаквост на Македонците и етничките малцинства во земјата.
1993
Македонија е примена во Обединетите Нации.
1995
Македонија станува член на Советот на Европа.
1995
Македонија воспоставува дипломатски односи со Европската Унија.
2000
Отпочнуваат преговорите за потенцијално членство во Европската Унија.
2000
Македонија ја започнува првата рунда преговори со Европската Унија.
2004
На свечена церемонија во Даблин, Република Македонија поднесува апликација за членство во Европската Унија.
2005
Македонија добива статус на кандидат за членство во Европската Унија

 


Вести

  • 14.02.2012
    Вино и Љубов 14.02.2012

    Низ забава и смеа, во празнична атносфера, уживајте го денот во полна мера, со музика и страст, во друштво фино,...

    повеќе

  • 16.07.2011
    Галичка свадба 16-17.07.2011

    Уживајте во природната убавина на Маврово и запознајте се со уникатната архитектура и култура на Мијачкиот регион...

    повеќе