Културата и религијата од секогаш биле нераскинлив дел што ја дефинира македонската нација и ги определува обичаите и традициите.
Македонија како библиска земја богата со цркви и манастири, свети води и чудотворни икони е совршено место за секој оној кој трага по својот мир и Божјата вистина. Бројноста и разноликоста на преку 250 сочувани манастири од различни периоди и во различни форми се доказ за постоење на луѓе чија животна приказна е онаа на создавање, уметност и духовност.
Доколку тропнете на врата на некоја куќа или манастир, ќе наидете на топло гостопримство и ќе бидете трогнати од традиционалното добредојде на гостите со слатко, кафе и ладна вода.
Искористете ја можноста да ги доживеете старите обичаи кои се зачувани и денес, безбројните културни настани кои ги покажуваат традициите како што се фестивалите на народни ора и танци, поетските читања покрај прекрасното Охридско езеро, театарските и фестивалите на класична музика и да го истражите уметничкиот дострел во црквите и манастирите ремек- делата на источната Византиска уметност.