Site Meter
  • 50 години Галичка свадба 14-15.07.2012

    Бидете дел од јубилејната „Галичка свадба“ и доживејте ги традиционалните обичаи и културно уметнички вредности на мијаците кои се од исклучително значење во богатата многувековна културна и национална историја на македонскиот народ.Галичката свадба претставува една од најубавите фолклорни манифестации во Македонија која е празник за очите и доказ за македонскта посебност. Особеноста на народните обреди во хармонија со раскошните носии во единствениот галички амбиент, ја прават оваа...

    повеќе


  • Струмички карневал 24-25.02.2012

    Дводневна тура: Скопје – Манастир Водоча – Манастир Вељуса – Струмица – Винарија Попова кула
    "Беше тоа интересна вечер, кога дојдов до еден град и станав дел од прекрасна прослава. Луѓето носеа чудни маски и носии одејќи од една до друга куќа во весела атмосфера со смеење и пеење”, рекол познатиот патеписец Евлија Челебија во 1670 година кој ги има објавено овие забелешки во својот дневник. Кога поминувал низ овој дел на светот во 1670 година тој застанал во Струмица за време на фестивалот кога...

    повеќе


  • Вевчански карневал 13-14.01.2012

    Забава под маски, звук на зурли и тапани, невести и младоженци, мажи маскирани во жени и жени маскирани во мажи, шоу кое трае 48 часа , уличен театар полн со изненадувања – тоа е Вевчанскиот карневал – традиција зачувана повеќе од 5 века, најголем туристичко забавен настан во Западна Македонија. Со малку шминка и соодветен костим и вие можете да се придружите на овој настан и да се вклопите во незаборавната забава низ улиците на Вевчани.

    повеќе


Културни настани

Културни настани, голем број на зимски и летни фестивали, музички настани, ликовни изложби, театари и вечери на поезијата се само дел од богатата ризница на Македонската култура.

Преку нив луѓето со векови ја одржуваат традицијата на своите предци и така го негуваат своето традиционално богатство пренесувајќи го од една на друга генерација. Патувајќи со go Macedonia ќе имате можност да запеете традиционални македонски песни или пак да заиграте на Македонската фолк музика отсвирени на кавал и гајда (традиционални дрвени инструменти), во придружба на мажи и жени облечени во народни носии специфични за секој регион во земјата.

Галичката свадба ги отсликува обичаите на Мијачкиот и Малоречанскиот регион. Во денешно време оваа свадба претставува туристичка атракција каде што младите луѓе од овој регион го имаат задржано култот кон свадбата од старите времиња.

Вековните карневалски традиции ги претставуваат старите верувања дека деновите по нова година се “несвети” и тогаш ѓаволот може највеќе да му наштети на човекот. Со цел да се заштитат од него во тие несвети денови луѓето избегнуваат да работат и употребуваат различни магиии при што се организира и карневал. Како остаток од паганските времиња, карневалот содржи еротски елементи и елементи поврзани со плодноста иако често пати има и елементи на модерната сатира. Карневалите во Вевчани и Струмица се најдобрите примери на оваа традиција.