Site Meter
  • Градска тура – Прилеп

    Лоциран во централниот дел на Македонија, Прилеп е еден од најстарите историски градови во земјата во кој имате можност да го почувствувате средновековниот дух, да се прошетате покрај зградите со Отоманска архитектура, да ги разгледате прекрасните културни споменици, живописната природа како и да вкусите одлична традиционална кујна. Постојат повеќе причини поради кои треба да го посетите Прилеп, градот на тутунот и светски познатиот мермер.

    повеќе


  • Градска тура - Велес

    Велес постои како урбана населба уште од 168 година п.н.е. За време на своето постоење честопати ги промени своите имиња од Bylazora, Велес, Köprülü до Титов Велес. Една од теориите е дека сегашното име на градот е поврзано со доаѓањето на Словените на Балканот, а стариот словенски збор В ЛЕС, што значи „во шумата“, ја објаснува положбата на градот, сместен меѓу густа шума . Второто име ја објаснува промената на првото име Bylazora, додека третото е поврзано со името на словенскиот Бог на...

    повеќе


  • Градска тура - Охрид

    Охрид – градот на УНЕСКО, е еден од најстарите градови во Европа кој претставува центар на античката цивилизација. На овие простори е основан основан првиот словенски универзитет во Европа, а воедно Охрид е градот покрај најстарото езеро! Со единствените флора и фауна од терцијарниот период (пред 2-4 милиони години) Охридското езеро претставува еден од најголемите биолошки резерви на Европа.

    повеќе


  • Крушево - жив музеј

    Со својата неодолива местоположба на 1300м. надморска височина, Крушево е највисокиот град во Македонија кој наликува на малечко гнездо скриено помеѓу високи планини. Хармонијата меѓу високите планини и меката архитектура креираат речиси нереална атмосфера во ова мало градче. Крушево е еден посебен свет, град-музеј во кој минатото и иднината можат да бидат почувствувани истовремено.

    повеќе


  • Скопје - град на различните култури

    Со својата историја од околу 2,500 години, Скопје е град каде се вкрстуваат многу култури и цивилизации, место кое ги обединува времињата од антиката до Византискиот период, од Отоманско царство па се до модернизмот. Велат дека Скопје е единствено место каде може да се видат модерни хотели изградени на калдрмата на Отоманските улици, Византиски цркви покрај Турски џамии, домови во неокласичен стил веднаш до зградите од времето на Југославија...

    повеќе


  • Градска тура Битола

    Покрај репутацијата на развиен трговски центар, градот Битола е познат и како град на конзулите. За време на Отоманското владеење, во Битола постоеле конзулати од 12 земји, а истовремето во градот постоеле и престижни училишта вклучувајќи ја воената академија во која меѓу другите се школувал и познатиот турски реформатор Кемал Ататурк.

    повеќе


Градски тури

Секој Македонски град има свој посебен начин на живот, историја и легенди, скриени богатства, типични мириси и културни разлики. Иако Македонија е мала земја, овие разлики помеѓу градовите се доста големи. Ве предизвикуваме да ни се придружите на патување кое ќе Ви ги открие тајните на градот кој го нарекуваат „Бисерот на Балканот“ и „Христијанскиот Ерусалим“, Скопје - градот на различните култури, Прилеп- градот под Марковата тврдина познат за најквалитетен тутун и мермер, Крушево - највисокиот град во Македонија.. и уште многу други.