Почитувани посетители,
goMacedonia е првата агенција за рециптивен, алтернативен и одржлив туризам во Македонија специјализирана за активно патување. Oрганизираме еднодневни, викенд и повеќе дневни тури приспособени за луѓе кои сакаат да научат повеќе за македонското културно наследство, обичаите и традициите. Наша цел е да Ви овозможиме вистински увид во нашата земја и да Ви помогнеме во создавање на прекрасно назаборавно искуство во Македонија. Нашите итерации се дизајнирани да овозможат рамнотежа меѓу вашето патување, разгледите и слободното време. Нашите тури Ви овозможуваат вовед во локалните традиции, културата и регионалните варијации на традиционалната македонска кујна.
Авантуристички и Рекреативни тури - Џип Сафари и Off Road Возење, Возење Велосипед, Планински Велосипедизам, Quad Biking, Картинг, Јавање Коњи, Стрелаштво, Лов, Пешачење и Ориентација, Планинарење, Алпинизам, Спортско Качување, Качување по Карпи, Top Rope Авантура, Спелеолошки Авантури, Истражување Пештери, Ски-Качување, Турно Скијање, Панорамски Лет, Тандем Параглајд, Лет Со Балон, Пловење со Брод, Нуркање, Скутер На Вода, Кајакарење, Рафтинг ...
Културни и Духовни тури - Византиска Македонија, Охрид – Балкански Ерусалим, Религиозни и Верски Патувања, Карневали, Традиционални и Културни Манифестации, Фестивали, Ликовни Изложби, Театарски Претстави и Поетски Вечери, Живописи, Икони и Иконостаси ...
Историски и Археолошки тури - Праисториска, Античка, Средновековна, Отоманска Македонија, Тури по Патеките од Првата Светска Војна, Археолошки Локалитети, Музеи, Цркви и Манастири, Џамии, Рурална и Урбана Архитектура…
Вински и Рурални тури - Дегустација на Вино, Етно, Селски и Агро Туризам, Вински Фестивали, Сафари на Магариња, Подготовка на Традиционална Храна, Природни Атракции, Набљудување Птици и Дивеч, Фото Сафари, Ендемски Видови на Флора и Фауна, Планини, Езера, Водопади, Шуми, Ливади ...
goMacedonia е првата Македонска специјализирана DMC (Компанија за Менаџирање на Дестинации) со локално познавање, експертиза и ресурси за дизајнирање и инплементација на разни активности, евенти, тури, транспорт и логистика на истите. goMacedonia ги нуди своите професионални услуги за Вашите MICE (Состаноци, Потикнувачки Патувања, Конференции и Евенти) потреби. Изразете благодарност кон своите клиенти или мотивирајте и наградете ги своите вработени за нивните добри резултати, за посветеноста и напорната работа. Ние ќе дизајнираме incentive програма која ќе Ви овозможи Вас и вашите учесници иновативо искуство без стрес, што ќе резултира со подобар иден перформанс.
Поттикнувачки Патувања и Тим Билдинг Активности - Корпоративни Настани, Тренинзи за Меки Вештини, Тимски Активности, Игри и Вежби, Потрага по Богатсво, Караоке, Структурирање и Градење на Тим, Комуникациски Вештини, Разрешување Конфликти, Преговарање, Управување со Време и Стрес...
goMacedonia Ве предизвикува и повикува да ја посетите Македонија, една од последните туристички неоткриени земји во Европа, рај на планини, езера и реки, природни чуда, ендемична флора и фауна, ковчег полн со единствени културни богатства, легенди и приказни од пред илјадници години:
- Древната опсерваторија „Кокино“ - стара 4 милениуми
- Богатите археолошки локалитети
- Лулката на христијанството и Словенската култура
- Европскиот Ерусалим – Охрид
- Местото на раѓање на Мајка Тереза
- Заборавените занаети
- Најчистото и најдлабокото езеро на Балканот
- Најстариот и најдобриот вински регион на Балканот
- Место на гостопримливи луѓе и исклучителна кујна
Тимот на goMacedonia секогаш настојува да ги вклучи вашите особени барања при планирањето и организирањето на патувањата. Овој уникатен приод што ги прави вашите патувања – ексклузивни, сосема приспособени кон Вашите потреби е она што не издвојува од останатите стандардни туристички агенции во Македонија. Нашата заложба за квалитет, професионалност, внимание на детали и персонализирана услуга ни овозможи еклузивно место на листата на признати и лојални клиенти во туристичката индустрија и препораки во светски познатите водичи како: Bradt, Lonely Planet и Petit Futé.
Македонија треба да се доживее во својот полн сјај и оргиналност нешто што не може да се искуси со стандарни туристички пакети.
Затоа, ја очекуваме можноста за заедничка соработка,
Доживејта ја Македонија во сиот свој сјај единствено со goMacedonia!